Зошто зимските гуми треба да се заменат со летни и обратно?

Кога температурата ќе се зголеми, зимските пневматици стануваат претерано меки, а тоа ги прави лесни за прегревање и деформирање. Погрешно е мислењето дека со користење на зимски гуми во текот на летото ќе заштедите пари. Напротив, зимските гуми ја зголемуваат потрошувачката на гориво бидејки нивниот дизајн создава поголем отпор при тркалањето, а со тоа и зголемување на температурата на гумата, со што се зголемува и веројатноста за оштетување на самиот пневматик. Исто така, зимските гуми се погласни од летните, особено на мазен и сув асфалт, што пак влијае врз удобноста на патувањето.

Во суштина, ако возите зимска гума во лето, не само што постои голема веројатност дека ќе ја уништите и дека ќе мора да купите нова за во зима, туку и дека ќе платите и многу повеќе за гориво отколку кога возите соодветен пневматик во соодветна сезона. Значи, не само што не се заштедува, туку се прави и дополнителен, непотребен трошок врз вашиот буџет.