Правила на купување

Термини и услови

Оваа интернет страна, со домеин www.olimpiko.com.mk , во сопственост на Олимпико ДОО Скопје, со седиште на бул. 8ми Септември бр.38, Скопје, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба  и/или купување на производи и услуги.

Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.olimpiko.com.mk , внимателно да ги прочитате.

ОЛИМПИКО ДОО не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.

Општи услови

Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. Олимпико ДОО не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт.

Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ги користите, туку повелете во нашиот салон Олимпико кој се наоѓа спроти Хубо маркет во Скопје.

Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на Олимпико ДОО Скопје и се заштитени со авторско право и сродните права.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна.

Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.

За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.

ОЛИМПИКО го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:

-    Постои ризик од губење на битни информации при преводот -    Нема иста или слична терминологија на македонски јазик

Услови и правила за купување

Цените на сите производи на www.olimpiko.com.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.

Олимпико ДОО Скопје го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

За купување на производи преку www.olimpiko.com.mk важат цените со попуст. Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Олимпико ДОО Скопје.

Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.

Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака.

По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Олимпико ДОО Скопје има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

 Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер Стопанска Банка.

Поддршка на корисници

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот +389 02 30 64 689 кој е достапен во периодот од 08:00 часот до 19:00 часот (од понеделник до петок) или да не комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail info@olimpiko.com.mk.

Политика на испорака на производи

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 72 часа (За Македонија) од моментот на потврдa на плаќањето од страна на банката. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. Олимпико ДОО Скопје го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.

Испораката се врши преку надворешни соработници.

Испорака во сабота до 15 часот, во недела и на државни празници не се врши.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.

Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака.

Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Олимпико ДОО Скопје не може да превземе никаква одговорност.

Прием на производи

Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда.

Производот/ите се спакувани во соодветни кеси, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот.

Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни оштетувања на производот/ите.

Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за подршка на корисници и кај лицето кое ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени.

Заедно со приемот на производот/ите задолжително добивате и пропратна документација која се состои од фактура-испратница, која сте должни да ја потпишете.

Враќање и замена на производи

Купувачот има право да врати купен производ во период од 4 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.

Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.

Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на диемнзијата на гумата. 

Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, фабричките етикети, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА ОЛИМПИКО ДОО И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.