Зошто да се проверува притисокот еднаш месечно?

Со оглед на тоа гумата природно губи малку притисок, тоа бара периодично допумпување. Проверка мора да се изврши на сите гуми. При притисок понизок за само 0,2 бари од пропишаниот, во град се троши до пет проценти повеќе гориво. Не е штетно ако притисокот е за 0,2 до 0,3 бари над пропишаниот. При поголемо отстапување се нарушуваат возните својства и профилот на гумата се троши неправилно.