Loader

Како да избереш гума?

Како да избереш гума?

ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ОЗНАКИТЕ НА ГУМИ

Што точно означуваат бројките кои се наоѓаат на гумите исто така познати и како ознаки на гумите? Натписот или ознаките на гумата на вашата кола се поставени поради две главни причини:

        1. Да се пренесат важни информации како што се големината и спецификациите на гумата.
        2. Тие се доказ дека гумата ги поминала неопходните безбедносни стандарди.

Оваа информација е претставена со знаци и симболи што може да биде збунувачки доколку не знаете што означуваат! Погледнете го овој корисен прирачник за ознаките на гумите и дознајте што секоја бројка означува.

Што значат бројките на гумите?

Оваа низа од броеви (255/55 R16) ја индицира големината на гумата. Ова е од голема важност при изборот на точната големина прикладна на вашето возило.

Броевите го означуваат следното:

255 – Ширина на Гума

Ова ја означува ширината на гумата во милиметри од една до друга страна.

55 – Профил на Гума

Овој број го покажува соодносот висина-ширина на страничниот ѕид на гумата изразена во проценти. Во овој пример, висината на гумата е 55% од нејзината ширина.

 

Што значат бројките на гумите?

R – Конструкција на Гума

Буквата ‘R ‘ е радијална конструкција на пневматикот, што денес е најтипична конструкција на гуми. Другите типови на конструкции се ‘B ‘ (bias belt) и ‘D ‘ (Диагонална).

16 – Дијаметар на Гума

Оваа бројка ја претставува големината на бандажот кој е поставен на гумата.

Оваа низа од броеви (255/55 R16) ја индицира големината на гумата. Ова е од голема важност при изборот на точната големина прикладна на вашето возило.

Броевите го означуваат следното:

255 – Ширина на Гума

Ова ја означува ширината на гумата во милиметри од една до друга страна.

55 – Профил на Гума

Овој број го покажува соодносот висина-ширина на страничниот ѕид на гумата изразена во проценти. Во овој пример, висината на гумата е 55% од нејзината ширина.

R – Конструкција на Гума

Буквата ‘R ‘ е радијална конструкција на пневматикот, што денес е најтипична конструкција на гуми. Другите типови на конструкции се ‘B ‘ (bias belt) и ‘D ‘ (Диагонална).

16 – Дијаметар на Гума

Оваа бројка ја претставува големината на бандажот кој е поставен на гумата.

Објаснување на останатите симболи за гуми

Индекс на оптоварување

Индексот на оптоварување е шифра, на сликата претставена со бројот 105, кој се однесува на максималното оптоварување кое гумата може да го издржи. Тој е директно поврзан со тежината и е изразен во килограми како што е прикажано во табелата подолу. Во овој пример, индексот на оптоварување на гумата е 105, така што максималното оптоварување што може да го издржи е 925 килограми.

ID Kg ID Kg ID Kg
65 290 80 450 95 690
66 300 81 462 96 710
67 307 82 475 97 730
68 315 83 487 98 750
69 325 84 500 99 775
70 335 85 515 100 800
71 345 86 530 101 825
72 355 87 545 102 850
73 365 88 560 103 875
74 375 89 580 104 900
75 387 90 600 105 925
76 400 91 615 106 950
77 412 92 630 107 975
78 425 93 650 108 1000
79 437 94 670

Капацитет на оптоварување на гумите

Оваа бројка е индикатор за максималното оптоварување што може да го издржи вашата гума. Ова е особено важно за да знаете дали и колкава е можноста да го товарите вашиот автомобил со потешки предмети. Побарајте двоцифрен или троцифрен број на гумата поставен на страничниот ѕид.

Оценка за брзина

Оцената за брзина се прикажува со буква, во примерот „V“, и тоа ја означува максималната брзина што може да ја опслужува гумата кога е максимално оптоварена. Оценката за брзина е изразена во милји или километри на час, како што е прикажано во табелата подолу. Во овој пример, брзината на гумата е „V“ – така што максималната брзина е 149 mph, или 240 km/h.

Симбол за брзина Приближно MPH Приближно KM/H
Q 99 160
R 106 170
S 112 180
T 118 190
H 131 210
V 149 240
VR 131 210
W 168 270
Y 186 300
ZR 149 240

1. Име на Брендот

Производителот на гумата е читко поставен на страната на истата. Најчесто ова е најголемиот напис на гумата.

2. Шемата на Гумата

Производителите на гуми креираат различни гуми со разлчини шеми, типот на таа шема е читко поставен на страната на гумата.

3. Држава на Производство

Натписот за тоа каде гумата е произведена се наоѓа исто така на страната на гумата. Во овој случај е произведена во Англија.

4. Индикатори за абење на шарите

Показателите за абење на шарите се поставени во жлебовите на гумата наместо на страничниот ѕид. Тие може да бидат во форма на буквите „TWI“, како мала слика, лого или други ознаки. Тие се видливи само кога шарата на гумата се приближува до законскиот минимум од 1,6 mm. Не сите гуми имаат индикатори за абење на шарата – затоа е важно често да ја проверувате длабочината на шарата на гумата.

5. Код за датум на производство

Прикажан како низа од броеви и букви (што изгледа нешто како DOTXXXXXXXXXX1017) овој натпис е информација за тоа кога е произведена вашата гума. Последните четири бројки се однесуваат на датумот на производство, така што можете да ја идентификувате староста на вашата гума. Во овој пример, датумот на кодот е 1017, што би значело дека гумата е произведена во 10-тата недела од 2017 година.

6. Европско одобрение за тип на ECE

Ова укажува дека гумата е тестирана и ги поминала сите европски безбедносни стандарди. Бројката по ознаката “E” е шифра која се однесува на земјата во која е одобрена гумата. Во овој пример, Е11 значи дека гумата е одобрена во Англија.

За понатамошни совети и насоки во однос на ознаките на гумите и што тие значат, контактирајте го нашиот професионален тим – нашите експерти за гуми со задоволство ќе ви помогнат.

Продуктот е додаден
Веќе го имате додадено продуктот во листата