При промена на гумите за соодветна сезона, ОЛИМПИКО на своите клиенти им нуди да ги остават гумите во нашиот центар на чување по стандардизирани услови. Гумите кај нас се чуваат во соодветни услови, во исправена или во лежечка положба, на суво и ладно место, далеку од сите хемиски супстанции или јаглеводородни растворувачи.

Гумите треба да се чуваат вертикално подигнати на полица најмалку 10 см од подот. Со цел да се избегне оштетување, гумите треба да се ротираат еднаш месечно. Мора детално да се прегледаат (внатре / надвор) од страна на професионалци.

Складирањето треба да биде во сува просторија со умерена температура, без директна светлина, далеку од хемиски супстанции.

Со оглед на тоа гумата природно губи малку притисок, тоа бара периодично допумпување. Проверка мора да се изврши на сите гуми. При притисок понизок за само 0,2 бари од пропишаниот, во град се троши до пет проценти повеќе гориво. Не е штетно ако притисокот е за 0,2 до 0,3 бари над пропишаниот. При поголемо отстапување се нарушуваат возните својства и профилот на гумата се троши неправилно.

Имајќи ги предвид условите на нашите патишта тимот на Олимпико препорачува подесување на геометријата еднаш годишно или на секои изминати 10.000 км.

Имајќи ги предвид условите на нашите патишта тимот на Олимпико препорачува подесување на геометријата еднаш годишно или на секои изминати 10.000 км.

Исто така проверката и подесувањето на геометријата на тркалата се прават задолжително после сообраќајна незгода, извршени лимаро фарбарски интервенции или по сервис на возилото.

Резервното тркало треба да се проверува еднаш годишно, поради природно испуштање воздух. 

Олимпико препорачува на возачите пред пат да ја проверат исправноста на своето возило. Мора да се провери акумулаторот, нивото на маслото, течноста за разладување(климата) и кочниците, притисокот на гумите, како и состојбата на резервните гуми. Задолжително треба да се проверат гумите во каква состојба се и ако треба да се заменат летните со зимски, или обратно. Сето ова го нуди тимот на Олимпико.

Гумите треба да се ротираат приближно на секои  7.000 до 10.000 км. Предните гуми побрзо се трошат од задните, но ако често се менува нивната положба тогаш ќе има рамномерна потрошувачка и ќе се постигне максималниот век на траење. Други причини зошто да се ротираат гумите се: ако се слуша зуење, ако се вози често на долги релации и ако се носи тежок товар. После секоја ротација гумите треба да се балансираат.

Кога температурата ќе се зголеми, зимските пневматици стануваат претерано меки, а тоа ги прави лесни за прегревање и деформирање. Погрешно е мислењето дека со користење на зимски гуми во текот на летото ќе заштедите пари. Напротив, зимските гуми ја зголемуваат потрошувачката на гориво бидејки нивниот дизајн создава поголем отпор при тркалањето, а со тоа и зголемување на температурата на гумата, со што се зголемува и веројатноста за оштетување на самиот пневматик. Исто така, зимските гуми се погласни од летните, особено на мазен и сув асфалт, што пак влијае врз удобноста на патувањето.

Во суштина, ако возите зимска гума во лето, не само што постои голема веројатност дека ќе ја уништите и дека ќе мора да купите нова за во зима, туку и дека ќе платите и многу повеќе за гориво отколку кога возите соодветен пневматик во соодветна сезона. Значи, не само што не се заштедува, туку се прави и дополнителен, непотребен трошок врз вашиот буџет.