Хотел за гуми

Како дел од своите услуги, при промена на гумите за соодветна сезона, ОЛИМПИКО на своите клиенти им нуди да ги остават гумите во нашиот центар на сезонско чување на соодветно место по сите стандарди.

 

Олимпико ги складира вашите гуми на следниов начин:

– Во просторија која што е со умерена температура, заштитена од директна изложеност на сонце и од надворешни временски услови

– Далеку од сите хемиски супстанции или хемиски растворувачи

– Далеку од предмети кои би можеле да ги оштетат гумите

– Далеку од сите извори на топлина, пламен, жешки предмети, материјали кои што предизвикуваат искра или електрично празнење и сите извори на озон

– Гумите со бандаж се чуваат напумпани во исправена или лежечка положба.

Сервисни услуги

  • Промена на масло
  • Промена на филтри
  • Промена на спони
  • Промена на стабилизатори
  • Промена на дискови и плочки

*сите потребни делови можеме да ги набавиме*

Вулканизерски услуги

  • Промена и балансирање на пневматик, лепење гума, исправање и заварување бандаж.
  • Поправка на гуми се извршува со вулканизерска опрема-лепенки од реномираниот светски бренд ТИП-ТОП.
  • Исправање алуминиумски и челични бандажи, на високо квалитетна и прецизна машина
  • Геометрија на возило (Проверка и центрирање преден и заден трап) се изведува со најсовремена и високо прецизна машина од реномираниот бренд HUNTER
  • Сите горе споменати зафати се изведуваат со високо едуциран и сертифициран кадар од реномираниот бренд Michelin

Автокозметика за возило

  • Метлици (брисачи) за ветробранско стакло за сите видови возила ( BOSCH, ZMAX, SCT, …)
  • Течности за ветробранско стакло
  • Освежувачи за возило ( Dr.Marcus, Pinotti, Little Joe, My Shaldan, …)
  • Козметика за возило (Dr.Marcus, MOTIP, WURTH, AUTOCARE, …) 
  • Акумулатори (EXIDE, VARTA, FIAMM, DURACELL, HAGEN)
  • Патосници (Gledring, …)
  • Раткапни
  • Зимски ланци за пневматици ( VERIGA,…)
  • Алуминиумски фелни ( MAK WHEELS,…)

 

И др. аксесоари