Loader

За нас

На пазарот во Македонија, Олимпико постои од 1991 година и е синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светските познати брендови Michelin, BFGoodrich, Тigar, Bridgestone, Firestone, Pirelli и Leao.

Во 1996 година ОЛИМПИКО отвори нов сопствен продажен салон во Скопје, на улицата Лондонска, застапувајќи ги брендовите Sava, Matador и Marangoni, како ексклузивен увозник.
Во 2002 година, ние во ОЛИМПИКО се определивме за гуми произведени во фабриките на MICHELIN TYRES. За поуспешно да ги задоволиме желбите на своите потрошувачи, од март 2006 година го отворивме и Сервисот за монтирање и балансирање на патнички и на полутоварни гуми.
На крајот на 2012 година, на одлична локација во Скопје, отворен е нов сопствен модерен продажно-сервисен салон за гуми, на површина од 3800 м 2 . Објектот располага со сервисен дел од 300м 2 , магацин од 4000м 2 како и сопствен паркинг. Во продажниот салон потрошувачите можат да одберат гуми од брендовите кои ги произведува MICHELIN TYRES и тоа: Michelin, BFGoodrich,и Тigar. Притоа, од 2017 година асортиманот го зголемивме и со ценетите брендови Bridgestone, Firestone и Pirelli. Од 2022 го зголемивме асортиманот за уште еден бренд Leao.

Нашата мисија

Нашата мисија е постојано да го унапредуваме сопственото работење, да ги следиме свтските трендови во оваа исклучително конкурентна индустрија, да го зајакнуваме и да го едуцираме тимот, со цел континуирано да го одржуваме и да го поткреваме имиџот на ОЛИМПИКО како Ваш вистински партнер при изборот на гуми за Вашето возило

Нашата визија

Нашата визија е на македонскиот пазар и на македонскиот возач да му понудиме избор од најдобрите и докажаните светски брендови за пневматици, со супериорни стандарди, со најдобар избор во соодносот на квалитетот и вложените пари.

Зошто Олимпико

Во салонот, кој што е од отворен тип, може да се следи монтирањето на гуми, да се гледа ТВ, да се чита весник, да се испие кафе, како и да се користи бесплатен интернет. Со отворање на новиот салон, воведени се новини и тоа по стандардите на Michelin – за секое возило се изготвува работен налог и се забележуваат податоци за состојбата на гумите и нивна контрола, ценетите потрошувачи се известуваат навремено да ги променат гумите според временските услови, воедно, се советуваат и како да ги одржуваат гумите на своите возила.

Нашиот продажно сервисен салон

Сервисниот дел има најсовремена опрема за монтажа, балансирање и ласерско 3Д центрирање на предница од познатиот aмерикански производител HUNTER.Сервисот е сертицифиран од Michelin и сите вработени во сервисот и во продавницата се обучени во тренинг центрите на Michelin. Со простор од 550м 2 , со капацитет кој дава можност во исто време да се опслужат девет патнички возила и дополнителни 250м 2 за товарни возила, целиот ОЛИМПИКО комплекс е единствен на Балканот од ваков тип. Во иднина нашите ценети потрошувачи можат да очекуваат и многу новитети во работењето, како на пример Личен сервисер за гумите и нивно одржување, попусти на услугите и, секако, награди за лојалните членови. За сите новини ќе бидете навремено известувани, бидејќи нашата цел е поголема безбедност во сообраќајот,а гумите се единствениот контакт помеѓу автомобилот и патот.

1

Проверка на притисок

Притисокот на гумите треба редовно и внимателно да се проверува. Ова е неопходно, бидејќи со текот на времето притисокот се намалува, што доведува до зголемување на потрошувачката на гориво. Со слаб притисок во гумите, веќе не може да се потпрете на перформансите на гумите.

2

Балансирање на гумите

Балансирање на гумите е исто така важно за одржување на долговечноста на гумите но и на подвозјето. Се препорачува да се балансираат најмалку еднаш годишно , после долго возење или ако забележите тресење на воланот при поголеми брзини.

3

Центрирање на предница

Целта на центрирање на преден и заден трап на возилото е зголемување на животниот век на гумата, како и подобра контрола на возилото. Се препорачува да се центрира возилото еднаш годишно или после сервисен зафат.

4

Чување на гумите

Гумите треба да се чуваат во сува, темна и ладна просторија. Правилното складирање на гумите без бандаж е една врз друга. Доколку се со бандаж, препорачуваме да ги чувате исправени и да се ротира нагазната страна еднаш месечно. Пред да ги складирате во домашни услови, препорачуваме да ги исчистете од нечистотија.

Продуктот е додаден
Веќе го имате додадено продуктот во листата