Ве молиме внимателно прочитајте ја нашата политика за заштита на личните податоци.

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Општи одредби

ОЛИМПИКО како сопственик на веб страницата www.olimpiko.com.mk се грижи за Вашата приватност согласно со Законот за заштита на личните податоци објавен во „Службен весник на РСМ“ бр. 42/20 и Законот за именување и дополнување на законот за заштита на личните податоци објавен во ,,Службен весник на РСМ,, бр. 294/21. Во овој закон се наведени сите информации и правила кои www.olimpiko.com.mk ги почитува за заштита на личните податоци на своите крајни корисници.

ВОВЕД

ОЛИМПИКО  Ви благодари и ја цени Вашата доверба која ја имате демонстрирано со користење на нашите услуги со што ги споделувате Вашите лични информации со нас.

Ние како правно лице посветуваме особено внимание на заштита на личните податоци,  ја почитуваме Вашата приватност и со Вашите податоци постапуваме грижливо, одговорно и се раководиме согласно важечките регулативи а особено Законот за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, оваа политика на приватност и  Вашите желби. Исто така ние како колектив го почитуваме Вашето право на приватност и затоа обработуваме податоци на начин на кој ги заштитуваме вашите интереси, основни права и слободи.

Со оваа Политика за приватност  Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци и Ви даваме јасна слика како се врши  процесирањето на  вашите лични информации кои ги оставате, кои се  Вашите права,  како до нивна заштита, како и опциите кои ги имате за контрола на вашите лични податоци и заштита на Вашата приватност што произлегува од Законот за заштита на личните податоци.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРИВАТНОСТ

 Оваа Политика на Приватност важи за процесирање на личните податоци  за:

  • податоци кои Вие ги оставате преку други канали (телефон, комуникација преку социјални мрежи, апликации за комуникација, итн…);
  • за користење на нашата веб страница

ПРИБИРАЊЕ И ВИДОВИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Ние собираме два вида на податоци:

  • Лични податоци

Кога комуницирате со нас вршиме собирање на следните лични податоци: E-mail адреса, Име, Презиме, Адреса, Поштенски број, Место, Општина и Телефонски број за контакт. Наведените лични податоци  ги користиме исклучиво за реализација на комуникација со вас, аналитика и маркетинг

  • Не –лични податоци

Кога ја посетувате и сурфате на нашата веб страница без да сте логирани и без да имате извршено контакт со нас, во овој случај вршиме собирање на следните лични податоци : време поминато на сајтот, вид на уред, оперативен систем и интернет пребарувач со кој пристапувате до нашите содржини, резолуција на екранот, видени страници и производи, референтен URL од кој пристапувате до нашиот сајт и слично, кои ни служат исклучиво за аналитика, подобрување на функционалноста на сајтот и маркетинг.

КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Колачињата (Cookies) се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата интернет страна да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите интернет страната на ОЛИМПИКО. Од наша страна ги употребуваме Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата веб страница.

Без нив, нашите услуги поврзани со веб-страницата, корисничкото и функционалното анализирање, како и системите за рекламирање не би можеле да функционираат. Доколку продолжите со користењето на нашата веб-страница, вие се согласувате со условите на користењето на колачињата.

Во ова насока ,Ве молиме внимателно прочитајте ја нашата политика за колачиња.

УПОТРЕБА И ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ОЛИМПИКО ќе ги употребува и обработува  вашите лични податоци законски, фер и на транспарентен начин,  за испорака, за технички потреби за интернет страницата за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со Вас. Во целост ќе биде испочитувана доверливоста на Вашите лични податоци, истите  нема да ги продаде на трета страна и  ќе ги користи исклучиво со ваша согласност. 

Податоците ќе ги чуваме се додека сме легално обврзани или имаме ваша согласност. Вие можете во кое било време да побарате пристап до вашите Лични Информации или да ги избришете.

МАЛОЛЕТНИЦИ

Малолетни лица без дозвола од нивните родители/ старатели, не е дозволено да даваат лични податоци на ОЛИМПИКО.

Поради јасното ограничување , потребно и препорачливо е  родителите/ старатели  на малолетните лица, да ги учат, да им покажат и укажат на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Од наша страна никогаш нема намерно да  бидат земени лични податоци од малолетници, или да ги употребуваме  на некој начин, ниту да ги проследуваме на трета страна без дозвола.

Во случај кога ќе забележаме дека не контактира малолетник, веднаш култирно (без да предизвикаме вознемиреност) го упатуваме до родител/старател и да ги повика тие да не контактираат во негово име.

БЕЗБЕДНОСТ

Безбедноста на личните податоци е императивна. Користиме безбедносен протокол за комуникација со нашата интернет страница. Доколку имате коринички профил кон истиот може да пристапите исклучиво со корисничко име и шифрирана лозинка која е автоматски генерирана и е дополнително заштитена, вработените во ОЛИМПИКО не може да ја видат вашата лозинка, може само да ја ресетираат во случај да ја имате изгубено. Наша препорака е да не ја споделувате лозинката со никого и редовно да ја менувате.

Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна. Освен со државни органи доколку законски го побараат тоа од нас и службата за достава на пратки која е друго правно лице.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

www.olimpiko.com.mk е присутна и активна на социјалните мрежи Facebook, Google и Instagram како и апликации за комуникација како Viber и слично. Доколку остварите комуникација на таков начин вашите податоци може да станат достапни и на трети страни за кој важат нивните политики за приватност. 

Делови од нашите содржини се споделуваат и преку горенаведените мрежи, ве молиме да имате во предвид доколку коментирате или споделувате наши содржини на социјални мрежи истото може да биде видливо и од трети лица во зависност од мрежата, поставките и нивната политика на приватност. Наша препорака е секогаш убаво да проверите каде ги објавувате вашите податоци.


ВРСКИ СО ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ

Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на официјалната веб страница  во сопственост на ОЛИМПИКО. Нашата веб страница www.olimpiko.com.mk во наша сопственост може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од  ОЛИМПИКО, на кои што оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува.

Кога ќе ја напуштите нашата веб страница, Ве молиме бидете свесни и прочитајте ги изјавите за лични податоци на секоја интернет страница во сопственост на трети страни.


ПРАВО НА ИНФОРМАЦИИ

Вашите права во однос на обработката на Вашите лични податоци се:

  • Право да бидете информирани за процесирањето на личните податоци;
  • Право на пристап до личните податоци;
  • Право на исправка и бришење на личните податоци;
  • Право на ограничување на обработката на личните податоци;
  • Право на приговор;

ОБЈАВА ЗА ПРОМЕНИ

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страна и на други места за кои сметаме дека се соодветни.